Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска доби негативен текст на ковид-19 и им се приклучи на фудбалерите што на 8 јуни ќе отпатуваат во Романија за да настапат на Европското првенство.
Барди, кој меѓу првите и се приклучи на репрезентацијата, но по доаѓањето во Скопје направи задолжителен ПЦР тест, кој покажа дека е позитивен на коронавирусот. Играчот од редот на врска, до денес се наоѓаше во изолација во хотелот „Хилтон“.
Барди ги пропушти сите досегашни тренинзи и двете контролни средби што ги одигра Македонија, против Словенија (1:1) и Казахстан (4:0).
Македонската репрезентација во Скопје, ќе се подготвува до понеделник, а на 8 јуни ќе отпатува во Букурешт.
Првите две средби, на ЕУРО 2020, Макеоднија ќе ги одигра во романската престолнина на 13.јуни (Австрија) и 17.јуни (Украина). Во последниот меч од Ц-групата, на 21.јуни, Македонија ќе гостува во Амстердам кај Холандија