Барди со два гола од пенал го спаси Леванте од пораз против Атлетико Мадрид

Македонскиот фудбалер Енис Барди, со двата гола кои му ги даде на Атлетико Мадрид, го спаси својот тим Леванте од пораз во шпанската лига. Барди првиот гол го постигна од пенал во 37, а вториот во финишот од натпреварот.

Тој се врати во тимот на Леванте по повредата која ја заработи на мечот меѓу Македонија и Романија. За потсетување, натпреварот со Атлетико Мадрид заврши 2:2, а двата гола за „јорганџиите“, ги постигнаа Антоан Гриезман и Матеус Куња.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне во финишот доби црвен картон поради приговор.

Scroll to Top