Барселона најде замена за Лионел Меси

Напаѓачот на Арсенал Пјер Емерик Обамејанг наскоро би можел да стане новиот фудбалер на Барселона, пренесува „Скај спорт“. Каталонците за овој трансфер покрај пари, во Лондон би можеле да го испратат и Бразилецот Филипе Кутињо, пренесува истиот извор.

Откако Меси замина од Барселона, местото централен напаѓач остана празно. Местото беше предвидено за Серхио Агуеро, но повредата ќе го оддалечи од терените на подолг временски период.

Од останатите напаѓачи во Барселона, Антоан Гризман очигледно изгуби доверба од сите челници на овој клуб, а Мемфис Депај низ целата кариера играше на позиција лево крило, додека Мартин Брејтвајт неправедно е запоставен и карактеризиран како вишок играч, иако постигна два гола во победата против Реал Сосиедад.

„Скај спорт Италија“ ја пренесе веста дека Каталонците го сакаат Темиј Ејбрахам од Челзи, но овој англиски напаѓач замина во Рома и направи трансфер вреден 40 милиони евра, па Барселона својата потрага мораше да ја продолжи.

Шанците во Лондон најдоа нов играч, а тоа е напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг. Тоа што дополнително го подгреа овој потенцијален трансфер е фактот што Бамејанг во последен момент е изоставен од составот за мечот од првото коло во Премиер лигата, меѓу Бентфорд и Арсенал иако беше најавен како стартер.

Како што пренесува „Скај Спорт“, Арсенал е заинтересиран во своите редови да го донесе и Фелипе Кутињо, па тоа би можело да биде дополнително олеснување за реализација на овој трансфер. До крајот на преодниот рок останаа уште две недели, па судејќи според сè, се очекува вистинска трансфер лудница.

 

 

Scroll to Top