Барселона призна дека го допрела дното по најтешкиот пораз во последните 74 години

Од управата и тимот на Барселона признаа дека синоќа го доживеаа најтешкиот пораз во последните 74 години. Германскиот тим Баерн Минхен ѝ го приреди најголемото понижување во поновата историја, откако ја совлада со 8:2. Од Барса признаа дека го допреле дното.

Сепак, тоа не е најтешкиот пораз во историјата на клубот, но е најголем во последните 74 години.

Барселона последен пат примила осум гола во 1946 година, кога загубила од Севилја со 0:8 во Кралскиот куп.

Од времето на Втората светска војна, Барселона има два пораза од 1:11: прво од Севилја во 1940 во првенството, а потоа и од Реал Мадрид во 1943 година во полуфиналето на Кралскиот куп.

Вчерашниот пораз значи дека Барселона ќе заврши сезона без освоен трофеј за првпат од 2007/08.

„Го допревме дното. Не сме на вистинскиот пат, но ова не е ништо ново. Веќе неколку години не сме конкурентни на европската сцена. Ова e неприфатливо за клуб како Барселона. На клубот му требаат промени и тоа на сите нивоа“, изјави бекот Жерард Пике, додавајќи дека ќе биде прв кој ќе замине ако клубот го посака тоа.

Шпанскиот фудбалски првак во наредниот дел од сезоната ќе биде предводен од нов тренер, затоа што актуелниот предводник Ернесто Валверде доби отказ од управата.

Валверде дојде со големи надежи во Барселона, меѓутоа со резултатите не ги исполни целите. Каталонците не играат во посакувана форма, а тимот има само една победа на последните пет меча, нешто што не го израдува првиот човек на клубот Бартомеу.

Scroll to Top