Бејзбол во Кореја пред лажни навивачи и со маски

Во Јужна Кореја почна новата бејзбол-сезона, ама во досега невидени услови.  За мечот Вајвернс-Ханвха на трибините беа поставени паноа сликани со навивачи.  Сите десет тимови се согласија да играат, и тоа на пет стадиони. Притоа се преземаат заштитни мерки за играчите, тренерите и официјалните лица. Од сите се бара да носат заштитна маска, забрането е да се џвака тутун покрај теренот, а Бејзбол организацијата на Кореја ги проверува играчите и тренерите дали имаат треска пред да влезат на стадион.

Scroll to Top