Фудбалерот на Италија, Леонардо Спинацола, беше успешно опериран и сега го очекува подолг период на рехабилитација. Тој се повреди на мечот на Европското против Белгија.
Од екипата на Рома соопштија дека ја повредил Ахиловата тетива и дека оперирацијата во Турку минала во најдобар ред. По операцијата, Спинацола им се заблагодари на фановите за огромната поддршка што ја доби.
„Благодарен сум на поддршката. Добив голем број пораки, сакам да ви порачам дека се чувствувам одлично. Се гледаме набргу“, порача Спинацола.