Близнаците Метју и Мајкл Крег, вечерва за првпат ќе имаат можност да настапат во тимот на Тотенхем во плејоф дуелот со Пакос Ферира од Лигата на конференции на УЕФА.
Тие се родени во 2003 година две минути еден по друг и уште од најрана возраст тренираат во академијата на Тотенхем. На крајот на ланската сезоната потпишаа професионални договори со премиерлигашкиот клуб. Тие играат на истата позиција во средниот ред.
„Уживам кога играм заедно со брат ми. Среќен сум бидејќи имам со кого и да зборувам. Имам на кому да се обратам“, изјавил Метју за клупскиот веб-сајт.
Ова е прв случај во историјата на Тотенхем, двајца идентични близанци да носат ист дрес во натпреварувачка кампања.