Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов е позитивен на коронавирус.
Неговиот нов тим Шериф Тираспол вечерва ќе игра во Загреб во реванш мечот од плеј-офот во Лигата на шампиони против Динамо Загреб. Но, тој без разлика на неговата состојба и така немаше право да настапи на овој натпревар.
Николов веројатно ќе биде изоставен од составот на селекторот Боби Милевски за натпреварите кои Македонија ќе ги игра во септември во квалификациите за пласман на СП 2022 година.
Милевски денеска во 12 часот треба да го објави списокот на играчи на кои ќе смета за мечевите против Ерменија, Исланд и Романија. До последен момент ќе се очекува и дали Аријан Адеми ќе може да помогне по рехабилитацијата од повредата.
Како нова опција за средниот ред е фудбалерот на Малме, Ердал Ракип.
Во моментов течат активностите во ФФМ со комплетирање на документацијата за добивање дозвола од ФИФА за настап во националниот дрес на 25-годишниот Ракип, но неизвесно е дали истата ќе се добие за овој квалификациски собир.
Македонија првиот натпревар го игра на 2 септември против Ерменија во Скопје. Потоа е гостувањето во Исланд на 5 септември, и на 8 септември ја пречекуваме Романија во Скопје.