Македонскиот борачот Магомедгаџи Нуров ја загуби четвртфиналната борба со Кубанецот Реинерис Салас Перес со 4:6 на Олимписките игри во Токио, но тој останува во игра за бронза.
Тој го почна настапот во Токио со убедливата победа над Тунижанецот Мохамад Садауи со 5:0, во категоријата до 97 килограми слободен стил. Постојат шанси за бронзен медал преку репасажот, но тоа ќе зависи од резултатот на Салас Перес во полуфиналето, односно потребно е Перес да го совлада најдобриот светски борач Абдулрашид Садулаев во полуфиналето. Нивната борба е закажана за 11.15 часот.
Нуров е еден од двајцата македонски спортисти што настапуваат во Токио со обезбедена норма, покрај теквондистот Дејан Георгиевски, кој освои сребрен медел.