Брат и сестра од Јапонија влегоа во историјата на Олимписките игри, откако освоија златен медал во џудо во ист ден.
Ута Абе (21) освои злато во горијата до 52 килограми, совладувајќи ја Французинката Аманден Бушар во финалето, неколку часа по нејзиниот брат Хифуми (23) кој стана олимписки првак во категоријата до 66 килограми. Тој го победи Грузиецот Важа Маргвелашвили.
„Немаше да стигнам олку далеку без брат ми. Мислам дека без него немаше ни да почнам да тренирам џудо“, вели Ута Абе.
Ова е најдобро постигнување и за Хифуми и за Ута и тоа на домашен терен.