Бразил ќе биде домаќин на Копа Америка, откако Аргентина се откажа две недели пред почетокот на одржување на турнирот поради короната.
Јужноамериканската фудбалска федерација одлучи да не ѝ дозволи на Аргентина да биде домаќин на турнирот поради влошената состојба и зголемениот број на заболени од коронавирусот, стои во соопштението на Федерацијата.
Неколку часа по оваа одлука, Федерацијата излезе со ново соопштение дека Бразил ќе биде новиот домаќин на континенталниот турнир што треба да започне на 13 јуни.