Бризбејн ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2032 година

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) откри дека домаќин на Олимписките игри во 2032 година да биде Бризбејн.

Главниот град на австралиската држава Квинсленд, беше единствениот кандидат за домаќин на Олимписките игри. Австралија, низ историјата, два пати била домаќин на најголемата спортска смотра, во 1956 (Мелбурн) и 2000 (Сиднеј).

„Ова е ден за гордост на цела Австралија. Им гарантирам на спортистите од целиот свет дека ќе доживеат неверојатно искуство. Многу од тие спортисти кои ќе дојдат во Бризбејн сега се деца кои во наредните две недели ќе следат што се случува во Токио. Климата на Квинсленд, плажите и многу други атракции ќе бидат предизвик за спортистите, семејствата, пријателите и за сите оние кои го сакаат спортот“, рекол првиот човек на Олимпискиот комитет на Австралија, Џон Коуст.

Домаќини на Олимписките игри во 2024 и 2028 година ќе бидат Париз и Лос Анџелес.

Scroll to Top