Бугарскиот селектор за успехот на Македонија: Така е кога фудбалот е државна политика

Бугарскиот фудбалски селектор, Јасен Петров, зборуваше за успесите на Македонија и Србија, кои успеаја да ги направат во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.

Тој рече дека тоа се должи на државната политика и дека тоа е клучот за успех и на нивната репрезентација, која од Европското првенство 2004 година не може да се пласира на едно големо натпреварување. Петров имаше лоши резултати во квалификациите остварувајќи само 2 победи.

Тој рече дека резултатот се должи на недостигот на државна помош во фудбалот, што е клуч за успех на една репрезентација и дека Србија и Македонија поради тоа имале успех. Србија веќе обезбеди пласман во Катар, а Македонија ќе игра бараж, а плус летово играше и на Евро 2020.

„Успесите на Србија и на Македонија не се само плод на работа на луѓето во фудбалот, туку тоа е комплетно една државна политика. И така тоа се прави кога сакаш да развиеш некој спорт“, рече Петров.

Бугарија своите најубави денови во фудбалот ги имаше во 1994 година на мундијалот во САД кога заврши на 4. место. Тогаш оваа репрезентација беше водена од легендарните Стоичков, Лечков, Балаков.

Scroll to Top