Чави прв ден како тренер на Барселона: Ова е клубот кој го сакам

Чави Ернандез е новиот селектор на Барселона. Ова синоќа го објавија од каталонскиот клуб, откако претходно успешно ги завршија преговорите со катарскиот клуб Ал Сад.

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона потпиша договор во кој на Камп Ноу ќе остане во наредните 2,5 години. Потоа постои опција и за продолжување на договорот.

Официјалната презентација на Чави како нов тренер на Барселона ќе биде во понеделник, а тој денеска пристигнал во Каталонија каде ќе се подготвува за новиот предизвик.

При пристигнувањето, Чави за шпанските медиуми ја дал и првата блиц изјава со која потврди дека е среќен со враќањето во својот дом.

 „Камп Ноу отсекогаш бил мој дом. Фановите на Барселона се мои луѓе, мое семејство. Барса, клубот кој го сакам! Сега сум дома, се гледаме наскоро, -изјави кратко Чави Ернандез.

Scroll to Top