Чолаковски: Гордост е да се игра за земјата на моите родители, земјата што ја носам во срцето

Младиот фудбалер на австралискиот шампион Мелбурн, Стефан Чолаковски, ја прифати поканата на Фудбалската Федерација на Македонија за настап на македонската фудбалска селекција до 21 година.

Чолаковски ќе му се придружи на селекторот Драган Канатларовски во септемвриските квалификации за Европското првенство.

Тој вели дека за него претставува гордост и задоволство што ќе игра за фудбалската репрезентација на Македонија, земјата на неговите родители.

„Гордост и задоволство претствува тоа што ќе заиграм за Македонија и тоа не се празни зборови бидејќи навистина сум возбуден што ќе играм за земјата во која се родени моите родители. Но, исто така и за земјата што ја носам во срцето, без разлика на тоа што сум роден во Австралија“, изјави Чолаковски, а пренесува Football Macedonia на „Твитер“.

Чолаковски во шампионската сезона на Мелбурн Сити забележа три погодоци.
Scroll to Top