Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова победија на Скопскиот маратон со нови државни рекорди

На 17. Скопски маратон, кој се одржа денес низ улиците на главниот град, учествуваа над 6000 учесници. Првото место им припадна на македонските атлетичари Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова.

Ивановски постигна време од 2:21:27 часа, додека Поп Арсова стаса на целта со време од 2:40:36 часа. И двајцата постигнаа нови македонски рекорди на оваа патека.

Во машка конкуренција, второто место го освои Младен Стевановиќ од БиХ, а третото место му припадна на Давид Перлич од Германија. Во женската, пак, второто место го освои Силвија Јукаила од Еквадор, а на трето место се пласираше Билјана Кираџиева.

На полумаратонската трка во женска конкуренција победник е Милјана Ристиќ од Македонија, со време 1:26:09 часа, а во машката победи Митко Ценов од Бугарија.

Андријана Поп-Арсова: Паднав во агонија на 12 километри пред целта

Scroll to Top