Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов ќе замине во Шалке 04 како позајмен играч, пренесуваат германските медиуми.
Од неговиот матичен клуб Штутгарт сметаат дека за 21-годишниот фудбалер е најдобро да оди во средина каде што сезонава ќе има доволно минутажа.
Се очекува фудбалерот денеска да ги помине лекарските прегледи во Гелзенкирхен и да биде 15-тото засилување за тимот кој направи целосна реконструкција и планира експресно од Цвајта да се врати во Бундеслигата.
Шалке 04 ќе биде петтиот германски клуб во кариерата на Чурлинов. Освен Штутгарт тој претходно играше за Келн, Магдебург и Ханза Рошток.
Darko Churlinov steht vor einem Wechsel vom VfB Stuttgart zu Schalke 04! 🔵
Der 21-jährige Flügelspieler wird für ein Jahr zu den Königsblauen ausgeliehen.
Heute wird er den Medizincheck absolvieren und dann seinen Vertrag bei #S04 unterschreiben ✍🏻✅#TransferUpdate
— Max Bielefeld (@Sky_MaxB) August 18, 2021