Фудбалерот Дарко Глишиќ по три години пак ќе игра за Вардар. Левиот бек потпиша договор со клубот пред почетокот на сезоната во која Вардар ќе игра во втората лига.
Глишиќ го раскина договорот со Докса од Кипар, каде што играше лани, и како слободен фудбалер се врати во матичниот клуб. 29-годишниот дефанзивец почна во Вардар во 2010 година, а потоа играше за овој клуб и од 2014 до 2018 година.
Во кариерата Глишиќ играше и за Олимпик Сараево, Скопје, Напредок, Тетекс, Динамо Тбилиси, Септември Софија, Арда, Шкупи и Докса.
Сезоната за Вардар во ВМФЛ ќе стартува пред крајот на овој месец.