Дејан Георгиевски и Илина Арсова добитници на наградата „13 Ноември“

Денеска во салата Борис Трајковски беа доделени наградите 13 Ноември. За најдобри спортисти беа избрани Дејан Георгиевски и Илина Арсова. Дејан освои сребен медал во теквондо на Олимпијадата во Токио, а Илина во Еквадор се искачи на 5 врвови со над 5000 метри надморска височина.

Наградата за најдобар тренер ја доби Борче Костовски. Костовски е тренер на Дејан и е заслужен за освоеното второ место на Игрите во Токио. Наградата за спортски Новинар, му беше доделена на новинарот од Телма Бранко Казаковски.

Наградата спортски работник, ја доби Билјана Димовска, долгогодишна спортска работничка во тенискиот спорт, која има значаен придонес во развојот и унапредувањето на тенисот.

Сојузот на спортови на Скопје ја додели наградата Спортски работници за Животно дело на Насе Насев, познат и признат тренер и селектор на најуспешните борачи од државата, кои се и носители на медали од европски и светски првенства и олимписки игри.

Наградата 13 Ноември за Општествено спортски работници се додели на Горанчо Петровски, Началник за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, кој повеќе од 10 години успешно ја реализира сообраќајната логистичка поставеност на маратонот и сите останати трки и настани, со што обезбедува висока безбедност при одржување на истите и на Даниел Димевски, Претседател на Македонскиот Олимписки Комитет, за успешен настап на нашите олимпијци на последните Олимписки Игри во Токио, како и за освојувањето на сребрен медал после 20 години, а особено е заслужен и за обезбедување на нови и модерни услови за развој и унапредување на врвниот спорт.

Scroll to Top