Поранешната англиска фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам планира да сними мини серија за спортското ривалство меѓу двата бренда „Пума“ и „Адидас“. Нивното ривалство се протегнува низ историјата повеќе од 4 децении, а целиот проект е замислен како мини серија од 3 дела.
Бекам ќе биде еден од продуцентите на серијата, чие име е Worl War Shoe.
Главните ликови во приказната ќе бидат браќата Адолф и Рудолф Даслер, кои ја започнуваат приказната за спортските обувки заедно.
Потоа секој од нив ќе тргне по свој пат. Во 1948 Рудолф Даслер го основа брендот „Пума“, додека само година подоцна Адолф Ади Даслер го основа „Адидас“.
Се очекува серијата да го прикаже влијанието на двата бренда во спортот, модата, културата и музичката индустрија низ годините. Сè уште не е објавен официјален датум на премиера.