Дејвид Бекам за 200 милиони евра ќе биде заштитно лице на Мундијалот во Катар

Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам следниот месец ќе биде претставен како официјално заштитно лице на Светското првенство во Катар во 2022 година, откако потпиша договор вреден 200 милиони евра, тврди британскиот таблоид „Сан“.

Легендата на „Манчестер јунајтед“ и поранешен англиски капитен, ќе добива по 20 милиони евра годишно во следните десет години за да стане глобален амбасадор на Катар. Бекам овој месец бил во Доха каде што ги посетил стадионите за Мундијалот и се сретнал со главните луѓе на во оваа земја, која беше критикувана поради кршење на човековите права и правата на работниците кои работеа на изградбата на стадионите за Мундијалот.

Бекам има врски со Катар од времето кога беше фудбалер на „Пари Сен-Жермен“, а ќе биде задолжен за промовирање на туризмот и културата на земјата, и се надева дека фудбалот ќе биде можност Катар да се промовира на запад.

Scroll to Top