Џенова сака да го купи 16-годишниот фудбалер Адриан Зенделовски

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Адриан Зенделовски, е на проба во Џенова, откако италијанскиот клуб покажа интерес за него. Тој играше во младинската екипа на Малме, а сега ќе се обиде да потпише договор со популарните грифони.

Зенделовски, кој е роден во 2005 година, има двојно државјанство, македонско и шведско. Тој е член на У17-репрезентацијата на Македонија и одигра три натпревари во квалификациите за ЕП. И на трите беше во стартниот состав на екипата.

За потсетување, во Џенова игра поранешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев, кој најави дека по крајот на оваа сезона ќе се пензионира.

Scroll to Top