Џинот на Конго од 137 килограми е хит на Светското првентво во ракомет во Египет

Дваесет и шестгодишниот ракометар на Конго, Готје Мвумби, стана вистински хит на Светското ракометно првенство во Египет. Со свите 137 килограми, тој претставува страв и трепет за противничките играчи, а некои го споредуваат и со поранешната НБА ѕвезда, Шекил О’нил.

Легендарниот кошаркар, на Инстаграм му упати поддршка на Мвумби.

„Не знам точно што се случува, но имам едно да ти кажам: живеј го твојот сон и бори се за тоа што си“, напиша О‘Нил.

Тој е најдобриот играч на Конго и во првите две средби со Аргентина и Данска, постигна четири гола.

„Никогаш не сум ни сонувал дека ќе играм на светско првенство, па затоа давам сѐ од себе“, вели Мвумби за „Хендњуз“.

Иако на официјалната страна на францускиот четвртолигаш Друкс, каде тој настапува, пишува дека тежи 110 килограми, вистината е поинаква.

Францускиот ракометен сајт „Хендњуз“ открива дека Мвумби, всушност, има 137 килограми и дека е висок 1.92 метри.

Scroll to Top