Дрита Ислами постигна нов државен рекорд на трката на 400 метри со пречки

Една од најдобрите македонски атлетичарки, Дрита Ислами, постигна нов македонски рекорд на трката на 400 метри со пречки на натпреварите на Европското екипно првенство од Трета Лига кое се одржува во Лимасол.

Ислами трката ја заврши на првото место во групата со време 57.53 секунди. Таа го подобри својот стар рекорд кој исто така беше најдобар државен, за повеќе од една секунда.

Овој резултат е еднаков на 1095 бода според таблицата на светската атлетика.

Scroll to Top