Едуардо Гурбиндо е нов играч на Вардар

Ракометниот тим на Вардар денес го потврди новото засилување, Едуардо Гурбиндо. Шпанецот кој во новата сезона ќе го носи црвено-црниот дрес, вели дека со најновиот трансфер направил одлична одлука.

„Не ми требаше ништо повеќе да знам за Вардар и Скопје. Не само за екипата, туку и за градот и земјата. Знам се што треба да знам за Вардар, од услови, од сала, град. Тоа ми беше сосема доволно“, изјавил Гурбиндо.

Со оглед на тоа дека сопругата на Гурбидно е од Македонија, тој се радува на новата шанса која ја добил во кариерата и вели дека наскоро планира да го научи и македонскиот јазик.

„Јас сум во Франција веќе пет години и мислам дека е време за промена. Секогаш барам нов предизвик, нови цели, нешто ново да се научи. Мислам дека е ова добра шанса да се дојде во клуб како Вардар и ќе останам тука три години доволно време да се вклопам во тимот. Претседателот на Вардар е амбиционзен, ми кажа дека сака да победува. И јас имам ист менталитет. Тоа ќе биде добар предизвик за мене. Исто така и мојата сопруга е од Македонија и ова е шанса да се научи јазикот за во иднина. Мислам дека ова е добра, но и комплетна одлука. Не само за мене, туку и за семејството. Мислам дека добро ќе се снајдеме во Скопје“, вели Гурбиндо.

 

(Фото) Малиот Гурбиндо доаѓа наскоро: Принова кај Елена Милева и шпанскиот ракометен репрезентативец

Scroll to Top