Елмас одговараше на прашања на фановите, идол му бил Роналдињо, обожава да јаде пица и сака да игра уште едно Европско со Македонија

Еден од најдобрите фудбалери на Македонија, Ељиф Елмас, одговараше на прашањата на фановите кои му ги постаивја преку каналот на неговиот тим Наполи. Тој им откри дека негов најголем идол во животот му бил Роналдињо и дека има желба да игра на уште едно ЕП.

„Мојот идол е Роналдињо, омилено јадење ми е пица, а настапот на ЕП со Македонија беше фантастично искуство, се надевам дека еден ден ќе се појавиме пак на таков турнир“, им кажа Елмас на фановите и додаде дека најмногу во сеќавање му останала титулата од купот со Наполи.

„Најмногу нешто што ме мотивира сега на теренот е бројот на мојот дрес. Сега сум со број седум“, откри Елмас.

Со пензионирањето на Горан Пандев, сега Елмас ќе добие поважна улога во репрезентацијата и фановите очекуваат тој да ја презема лидерската улога во наредните неколку години.

Фудбалерот во мометнов е на подготовки со Наполи, во пресрет на новата сезона во италијанското првенство. И покрај многуте обврски, тој сепак пронајде време за да даде одговори на најинтересните работи од неговиот живот и фудбалска кариера.

 

Scroll to Top