ФФМ ги пушти во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets денеска (29 мај) почна со продажба на билетите за пријателскиот натпревар меѓу МАкедонија и Словенија што ќе се одигра на 1 јуни на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Влезниците чинат 300 денари за јужната трибина и 200 денари за источната трибина. Капацитетот на арената е ограничен на 30% поради корона-мерките. Една личност ќе може да купи најмногу четири билети.

Поради строгите здравствени ограничувања и протоколите на УЕФА за заштита од Ковид-19, на северната трибина ќе биде дозволено присуство само на лица од двете репрезентации, лица од ВИП секторот и службата за организација на натпреварот.

Фудбалската федерација реши билетите од западната трибина ќе ги распредели за навивачите од навивачките групи кои покажаа интерес да присуствуваат на натпреварот.

Scroll to Top