Откако Инфантино дојде на чело на ФИФА во 2016 година наследувајќи го Сеп Блатер, ја отвори оваа програма за поддршка според која секоја федерација добива по 1,5 милиони долари годишно односно шест милиони долари во четиригодишен циклус.
Сега Инфантино, кој тргна во кампања за нов мандат во идната 2023 година, најави дека се зголемува програмата за поддршка на осум милиони долари во четиригодишен циклус, што значи годишно во касата на ФФМ ќе влегуват половина милион долари повеќе од досега.
„Зголемувањето за 25 отсто во однос на 2016 година кога дојдов на чело на ФИФА ќе значи дека секоја федерација во еден четиригодишен циклус ќе добива околу осум милиони долари. Или седумпати повеќе од тоа што беше пред 2016 година. Вкупно 2,2 милијарди долади од ФИФА одат во националните федерации за развојни проекти“, рече Инфантино.
Инаку на почетокот на годинава, ФФМ се пофали дека добиле најдобра оценка од инспекцијата на ФИФА за тоа како добро ги трошеле парите, а светската централа и УЕФА неодамна на редовното Собрание на федерација очекувано ја испофалија за добрата работа.
ФФМ во минатата година имаше буџет од 19 милиони евра, а оствари профит од 4,2 милиони евра.