(Фото) Адријано заплака кога дозна дека неговото име ќе се најде на славната патека на „Маракана“

Бразилскиот фудбалер Адријано и некогашен играч на Интер заплака кога дозна дека неговото име ќе се најде на познатата патека на стадионот „Маракана“. Покрај името на плочата ќе стои и неговото стапало.

„Моментот кога дознав дека моето стапало ќе биде на ‘Маракана’. Ви благодарам за сѐ“, напиша тој под фотографиите што ги сподели со фановите.

Фудбалерот, познат под прекарот Император, ќе биде 123. спортист и вкупно 104. фудбалер чие име ќе биде испишано на патеката на најпознатиот бразилски стадион. Неговото име ќе се најде до тоа на Пеле, Гарињо, Ромарио, Зико, Роналдињо, Роналдо, Еузебиус, Бекенбауер, Меси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriano imperador (@adrianoimperador)

Scroll to Top