(Фото) Фудбалер на Баерн се покајал откако си го истетовирал целиот грб

By

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лирој Сане, вели дека се покајал затоа што во 2017 година, кога играл за Манчестер сити, си го истетовирал целиот грб. Тој вели дека направил лудост, за која сега многу жали.

Сане тетоважата ја направил за време на забавата по големата победа на Манчестер сити над Монако од 5:2 во Лигата на шампиони.

Тој потоа го тргнал симболот кој го означувал грбот на англискиот клуб и преку него го додал симболот кој го означува грбот на германската репрезентација.

„Тогаш бев многу млад и наивен. Бев тврдоглав и удирав со главата во ѕид. Правев работи без разлика што ме болеа многу. Денес сум попаметен. Сега би донел поинаква одлука. Имам научено од грешките кои ги имам направено порано“, напишал Сане на „Инстаграм“.

Во јули во 2020 година Сане го напушти Сити и потпиша договор со Баерн. Како што е наведено во соопштението, 25-годишниот фудбалер потпиша договор до 30 јуни 2025 година и заработува 17 милиони евра по сезона.

 

 

Ќе ви се допадне

Fire Force Episode 24 at website https://gogoanime.be nisekoi gogoanime

Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? III (Dub) Episode 10 at website https://animeplanet.cc anime planet english dubbed