(Фото) Горан Пандев на сликички на „Панини“ за Евро 2020

Ликот на капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев се најде на пакетчињата со сликички за Евро 2020, што неодамна почнаа да се продаваат во Велика Британија. Ова е првпат македонски фудбалер да се најде на пакувањето со сликички. Но, ова е и првпат македонската репрезентација да се најде во албум на „Панини“.

Горан Пандев со 38 години ќе биде меѓу највозрасните фудбалери на овој шампионат. Тој ја предводеше македонската репрезентација до историски пласман на Европското првенство, што ќе се игра ова лето во 12 града во Европа. Македонија натпреварите треба да ги игра во Романија.

Scroll to Top