(Фото) И Бастијан Швајнштајгер го виде пеналот кој судијата не го досуди за Македонија

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Германија, Бастијан Швајнштајгер, призна дека судијата на синоќешниот меч меѓу Германија и Македонија, не признал чист пенал за гостинскиот тим. Тој објави твит со мал осврт на натпреварот и покажа голема почит кон Македонија.

„Мој респект за Македонија. Несреќен пенал против нив, чист пенал недосуден за нив и овие дечки победија на гости против 4-кратен светски шампион. Шапе!“, напиша Швајни.

На синоќешниот меч судијата Карасев виде пенал при мекиот фаул на Алипски, но, не виде пенал кога Џан со рака спречи наше водство.

Швајнштајгер е човекот кој како лидер ја водеше Германија во лудачкиот меч против Бразил 1:7 и светско злато во 2014-та. Тој го превзема местото од својот претходник во средината Штефан Ефенберг и одлично се снајде како во репрезентацијата, така и во тимот на Баерн Минхен

Scroll to Top