(Фото) Мурињо ќе се степаше со судијата, Португалецот го заработи првиот црвен картон како тренер на Рома

Португалецот Жозе Мурињо го заработи првиот црвен картон како тренер на Рома. Тој беше исклучен за време на саботниот пријателски натпревар против Реал бетис, кој „римската волчица“ го загуби со 5:2.

Италијанскиот тим мечот го заврши со само осум фудбалери, откако претходно црвени картони заработија и Лоренцо Пелегрини, Џанлука Манчини и Рик Карсдоп.

Црвениот картон за Мурињо следеше по третиот погодок за Бетис на Алекс Морено, за кој Португалецот сметаше дека треба да се поништи заради наводно играњео со рака. Судијата не се согласи со тоа па по бурната реакција на Мурињо, тој го исклучи.

Ова е трета пресметка на терените на мечевите на Рома во само два меча, најавувајќи дека кога ќе почне сезоната во италијанското првенство, Рома ќе води битка за врвот.

Scroll to Top