(Фото) Одбојкарите тргнаа на Европско, им фрлија вода за к’смет

Македонските одбојкари попладневно заминаа во Финска, каде од 1 до 8 септември играат на Европско првенство.

На поаѓање кон аеродромот, од Одбојкарската федерација м фрлија вода за к’смет, па на социјалните мрежи објавија неколку фотки и видео.

За „црвено-жолтите“ ова ќе биде втор настап на Европско првенство, и како и пред две години во Љубљана, капитен на македонскиот национален тим ќе биде Никола Ѓоргиев.

Селекторот Душко Николиќ пред два дена го соопшти составот на играчите што ќе настапат на 32-то Европско првенство во групата Ц, што ќе се игра во Тампере, Финска. Составот е без поголеми промени во однос на претходното ЕП во Словенија, во 2019 година. Покрај дванаесеттемина од ЕП 2019, сега ќе играат Лука Костиќ и Филип Савовски, а во репрезентацијата ќе ги нема Александар Милков и Иван Андонов.

Македонија на ова ЕП е во група со Финска, Русија, Шпанија, Турција и Холандија. Европското првенство официјално стартува на 1 септември.

За потсетување, во јуни кога фудбалерите заминуваа на Европско првенство, исто така беа испратени со вода за к’смет.

Scroll to Top