Навивачте на Малме, родниот град на шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, ја демолираа неговата бронзена статуа која беше поставена во градот. Велат не можат да се помират со фактот што фудбалерот станал косопственик и купил акции од нивниот ривал Хамарби.
Прво на статуата закачија даска за во тоалет, а потоа го скинаа носот. Ја обилија во бело, ги пресекоа стапалата, а синоќа ја срушија и целосно ја уништиле.
Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ на почетокот на октомври минатата година, стигна во родниот шведски град Малме каде пред стадионот, Фудбалскиот сојуз на Шведска му постави голема бронзена статуа.
Најдобриот шведски фудбалер на сите времиња сам го отвори споменикот, а на свеченоста присуствуваа неколку илјади негови сограѓани. Два ипол метарската статуа е тешка 500 килограми.
Ибрахимовиќ од пред неколку дена е член на Милан.