Њукасл се извлече во финишот против Борнмут и освои бод

Њукасл не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и во првиот натпревар од денешната програма во Премиер лигата одигра 2:2 против Борнмут.

Гостите одиграа одлично прво полувреме и по само 35 минути имаа предност од 0:2. Таверние го отвори резултатот, а потоа Тиао си постигна автогол и дополнително ја усложни ситуацијата за домаќините.

Сепак, Њукасл брзо реагираше. Само две минути подоцна, во 37. минута, Барнс со прекрасен погодок намали на 1:2 и го врати својот тим во игра.

Во продолжението долго време немаше промена на резултатот, а Борнмут беше сè поблиску до голема победа на гостински терен.

Сепак, во самиот финиш Њукасл успеа да се спаси од пораз. Во 88. минута Ремзи со прецизен удар погоди за конечни 2:2 и му донесе бод на домашниот состав.

По три одиграни кола, Њукасл има пет бодови, додека Борнмут од ист број натпревари освои два поена.

Scroll to Top