(Фото) По повредата, физиотерапевтот Улисес Бадио го рехабилитира Ѓоковиќ за 48 часа

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, заработи повреда во третото коло и малку недостигаше да го предаде мечот и да се откаже од борбата за титулата на Австралија опен. На крајот успеа да закрепне и да го победи Тејлор Фриц, а потоа и Милош Раониќ.

Многумина сметаат дека главен виновник за неговата рехабилитација е аргентинскиот физиотерапевт Улисес Бадио. Двајцата постојано се заедно, а Улисес му помага на Ѓоковиќ при секоја вежба. Тој веќе неколку години е прв човек во тимот на Новак.

„Новак ми се обрати за време на мастер-турнирот во Рим. Ми предложи потоа да дојдам со него на ‘Ролан Гарос’. Сега живеам на релација Италија, Белград и Монте Карло. Сам сум и можам да му бидам на располагање 24 часа. Ако ми каже дека треба да одиме во Шангај, ќе одиме. Тоа сега ми е работа“, изјавил Бадио.

Тој е роден во Санта Фе, а живеел во Кордоба. Емигрирал на 22 години за да го унапреди своето знаење на полето на кое во моментот работи. Дипломирал кинезиологија и физиотерапија, а специјалист е за рамења, лакти и генерално повреди на рацете. Запознаен е и со кинеската медицина, нутриционизмот, а тој е човекот што го извлече Ѓоковиќ од повредите и ментално го врати на победничкиот пат.

Тој дојде на местото на Милам Амановиќ и стана еден од најважните луѓе во тимот на Ѓоковиќ. Знаењето најмногу го собирал во Италија и САД. Работел во спортската клиника во Валенсија, а исто така станал и физиотерапев на АТП-организацијата.

На Ѓоковиќ практикува акупунктура и кинеска медицина. Вели дека во текот на еден ден работат по четири пати вежби со истегнување, подобрување на енергијата и релаксација на мускулите користејќи ги традиционалната кинеска медитација и билките.

Scroll to Top