Тројцата фудбалери на Реал Мадрид, Серхио Рамос, Лука Модриќ и Лукас Васкез објавија фотографија од вежбална. Тројцата беа само по долна облека, а капитенот Рамос напиша дека се опоравуваат и полека се враќаат во форма.
Најголем број од реакциите беа од женските обожавателки, а меѓу нив се најде и нивниот поранешен соиграч Ковачиќ кој само кратко напиша „Мајко мила“. Србинот е голем пријател со Рамос и беше еден од гостите на неговата венавка со Пилар Рубио, а се појави и на премиерата на документарецот за шпанскиот дефанзивец.