Најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, вложил 13.000.000 евра во луксузен хотел во Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Роналдо, кој се подготвува за Европското првенство, во исто време се подготвува и за 7 јуни, денот кога ќе се отвори еден од најлуксузните хотели во шпанската престолнина, кој ќе го носи и неговите иницијали и бројот на дресот – Pestana CR7 Gran Via.
Хотелот има 168 луксузни соби и е на 10 ката. Гостите ќе имаат на располагање буквално сѐ што ќе посакаат, а најмногу ќе ги привлече оние што се со подлабок џеб и кои ќе може да си дозволат поскапи преноќувања.
Деветтиот кат ќе биде отворен за сѐ. Тука и обичните луѓе ќе може да ги испробаат специјалитетите на хотелот, а ќе има и спортски бар.
View this post on Instagram