(Фото) Роналдо ќе потпише за ПСЖ, велат фановите кога ја виделе Георгина со приватен авион како лета за Париз

By

Најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, од наредната сезона ќе игра за ПСЖ, сметаат неговите фанови откога ги виделе фотографиите од неговата партнерка Георгина Родригез од минатата недела кога со приватен авион летала за Париз.

„Бонжур, Париз“, напишала таа под фотографиите, нешто што ги натерало голем број од нејзините фанови да помислат дека Роналдо кариерата планира да ја заврши во францускиот клуб.

Репортерите тврдат дека Роналдо е подготвен да го напушти Јувентус доколку тимот не успее да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. „Старата дама“ веќе ја загуби титулата во Серија А што ја освои Интер.

Доколку не успеат да обезбедат пласман во Европа, на раководството на Јуве ќе им биде тешко да ги исполнат неговите услови и плата од 1 милион фунти неделно.

Португалската ѕвезда веќе одамна размислува за преселба во Пари-Сен Жермен, во тимот на Маврисио Покетино, каде што ќе игра заедно со Нејмар и Килијан Мбапе.

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven animeheaven bna: Watch Dragon Ball Super Episode 78

AnimeFreak sites like animefreak: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 4