(Фото) Судија му побара автограм на фудбалер на крајот од натпреварот во Лига на шампиони

Помошниот судија на вчерашниот меч во Лигата на шампини, меѓу Манчестер сити и Борусија Дортмунд, Октавијан Чаувр, бил снимен како зема автограм од напаѓачот на Германците, Ерлинг Халанд. Двајцата биле снимени на крајот од мечот во тунелот на стадионот „Етихад“.

Судијата побрзал да го стигне Халанд и да го моли да му се потпише на жолтиот и црвениот картон.

„Никогаш не е вистинско време судијата да бара автограм од фудбалерите. Во такви ситуации, судиите не изгледаат најдобро. Тоа беше детски потег“, изјавил поранешниот играч на Сити, Јолеон Лескот, кој давал коментари во студиото по завршувањето на мечот.

На крајот се утврдило дека судијата му побарал автограм на Халанд за хуманитарна акција за помош на луѓе со аутизам. Од романскиот фудбалски сојуз, открија дека потпишаните картони ќе бидат продадени на аукција, а целиот приход ќе биде наменет за помош на оние на кои им е најпотребна.

 

Scroll to Top