Фудбалер казнет со 50.000 евра затоа што на тренинг дошол со погрешен автомобил

Фудбалерот на Баерн Минхен Кингсли Коман бил казнет од клубот со 50.000 евра, затоа што на тренинг дошол со скап автомобил од брендот „Мекларен“, наместо „Ауди“ кој му е службен и спонзор на клубот.

Според договорот, фудбалерите на баварскиот гигант, на тренинзите смеат да доаѓаат само со службените спонзорски коли. На „баварците“, „Ауди“ им е спонзор од 2006 година, а компанијата има 8% сопствеништво.

Французинот се обидел да се извлече со бизарно оправдување, кое не му успеало, пишуваат тамошните медиуми.

„Му се извинувам на клубот и „Ауди“ компанијата што не дојдов на тренинг со клупскиот автомобил. Причината е затоа што го оштетив ретровизорот на таа кола, но сеедно погрешив“, порачал младиот Французин.

 

Scroll to Top