Фудбалер на Челси ограбен додека играл натпревар од Лигата на шампионите

Фудбалерот на Челси, Рис Џејмс, на „Инстаграм“ објави видео на кое се гледа како крадци го ограбуваат неговиот дом. Грабежот се случил во време додека тој го играл натпреварот во Лигата на шампионите против Зенит, а во неговиот дом немало никој. Англискиот репрезентативец откри дека во сефот што е украден се наоѓале сите медали што тој ги освоил во клупската кариера, меѓу кои и последните од Лигата на шампионите и медалот што го освоил со Англија на Европското првенство, каде што го освоија второто место.

Ноќта на 14 септември додека играв меч од ЛШ, група кукавици – крадци влегле во мојата куќа. Успеале да го украдат тешкиот сеф и да го сместат во автомобил. Во сефот имаше некои лични работи, накит, медалите од ЛШ, Евро 2020 и Суперкупот. Овие медали ги освоив претставувајќи ги Челси и Англија, а тоа е чест што никогаш нема да може да ми биде одземена. Сепак, апелирам до сите свои навивачи да помогнат во идентификацијата на овие карактерно мали луѓе, кои никогаш нема да бидат мирни затоа што се појавуваат сѐ повеќе докази против нив. Полицијата, моите советници и Челси се зад мене – имам цврсти докази против крадците“, напиша Џејмс и објави видеа од безбедносните камери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reece James (@reecejames)

Scroll to Top