Фудбалер на Манчестер сити е во затвор поради силувања

Фудбалерот на англискиот шампион, Манчестер сити, и репрезентативецот на светскиот шампион од 2018, Франција, Бенжамин Менди, се наоѓа во притвор во Ливерпул поради четири обвиненија за сексуален напад и силување. Тој се наоѓа во притворската едница во затворот HMP Altcourse.

Од клубот потврдија дека Менди бил суспендиран, а веќе подготвуваат и раскинување на договорот на штета на клубот со плаќање одредено обесштетување.

Полицијата повела истрага по пријавите од три девојки, кои го обвиниле дека ги силувал во периодот од октомври 2020 до август 2021 година. Меѓу нив имало и малолетна девојка.

Тој девојките ги силувал во својот дом во Престбуро во областа Чешир. Последната девојка ја силувал пред една недела. Тој пред судот првпат се појави во петокот на 27 август.

Манчестер сити го купи скапо левиот бек. Менди се смета за еден од најскапите играчи во историјата на англискиот фудбал и во ерата на шпанскиот тренер Пеп Гвардиола. Тој пристигна во Англија од тимот на Монако, од каде што беше продаден за 57 милиони евра.

 

Ако обвиненијата бидат докажани, тоа ќе значи крај на фудбалската кариера на Менди, пишуваат англиските медиуми.

 

Scroll to Top