Италијанскиот фудбалер Џузепе Перино (29) почина на натпреварот организиран во чест на неговиот брат, кој загинал пред три години во велосипедска несреќа. Според италијанските медиуми, тој починал од срцев удар на стадионот во Поџиомарино.
За време на ревијалниот натпревар, Џузепе паднал на земја, а лекарите се обиделе да му помогнат, но само констатирале смрт.
Перино најголемиот успех во кариерата го постигна кога настапуваше за Парма во Серија А, а играше во многу клубови од пониските лиги во Италија, како Сапри, Беларија, Вигор Ламезија, Батипаглиесе, Скафатезе, Турис, Реал Поџоомарино, Пимонте и Солофра.