Фудбалер во Хрватска почина среде натпревар

By

Фудбалерот на Отока, Дејан Оршуш, починал за време на натпреварот во втората жупанска лига против Раднички. Тој за време на натпреварот кој се играше во неделата, паднал на теренот и веднаш бил итно префрлен во болницата во Чаковци.

Се испоставило дека станува збор за срцев удар, а лекарите не можеле да го спасат, пишуваат медиумите. Оршуш зад себе остави дете и жена, која е во петтиот месец од бременоста.

„Со длабоко жалење ви пренесуваме дека играчот на фудбалскиот клуб Оток, Дејан Оршуш, почина вчера за време на натпреварот со Раднички. Со брза реакција на неговите соиграчи и играчите на „Раднички“, се обидовме да го вратиме во живот. За брзо време стигна и медицински персонал, кој исто така се обидуваше 25 минути на самиот терен да го живее. Дејан беше дечко за забава, талент од фудбал, голем играч, а уште поголем пријател. Зад себе остави жена во петтиот месец од бременоста и дете. Му благодариме за сите погодоци, помошта која ја даде за клубот и за подигањето на расположението, кога на играчите им беше најтешко. Секогаш ќе остане во нашите мисли“, објавиле од неговиот клуб.

 

Ќе ви се допадне

AnimeDao animedao tower of god: Watch Dragon Ball (Dub) Episode 134

AniWatch anime websites: Watch Tokyo Ghoul Episode 8 (https://aniwatch.pro/m/3kL/ep-8)