Тимот на Челзи го освои трофејот во Лига на шампиони, откако во финалето го совладаа Манчестер Сити. Стрелец на единствениот гол беше Каи Хаверц.
Тренерот на „сините“ Томас Тухел, кој пристигна во Челзи на половина сезона како замена за Франк Лампрад, сега ќе добие нов договор. Неовиот сегашен истекнува на лето 2022 година, а Челси сака да го задржи на долг рок.
Тухел преку Премиер лигата успеа да го однесе тимот во Лига на шампиони, а потоа да го освои и трофејот.
Поразот на Манчестер Сити на стадионот „Драгао“ ја продолжи лошата традиција на финалистите-дебитанти во најелитното клупско континентално натпреварување. Имено, Сити е осмиот последоветелен тим кој првпат заигра во големото финале и го загуби.
Оваа традиција започна со тимот на Валенсија во сезоната 1999/00, го продолжија Леверкузен (2002), Монако (2004), Арсенал (2006), Челзи (2008), Тотенхем (2019) и ПСЖ во ланската сезона.
За прв пат во историјата на најелитното фудбалско клупско натпреварување се случи дедо и внук да се закитат со препознатливиот „клемпав“ трофеј. До ова достигнување се стигна благодарение на Маркос Алонсо.
Дедото на бекот на Челзи, Маркитос, беше дел од тимот на Реал Мадрид во периодот од 1956 до 1960 година кога „Кралскиот клуб“ доминираше на Стариот континент, на самите почетоци на Купот на европските шампиони.
Сега, шест децении подоцна, Маркос Алонсо успеа да го повтори успехот на својот дедо и со Челзи стана европски првак.