Лекарите на турскиот клуб Галатасарај, по направените лекарски прегледи и анализа на организмот на новото засилување Радамел Фалкао, соопштиле дека фудбалерот има тело десет години помладо од годините кои ги има.
Турскиот весник „Фотомак“ ја објавил анализата на неговиот организам и од таму тврдат дека Фалкао на метаболичко ниво има организам на 22-годишен човек, иако тој има 33 години.
Ваквата проценка ја изнеле на основа на резултатите од медицинските тестови на Колумбиецот, по доаѓањето во Турција. Како еден од доказите е наведена избалансираноста на пропорциите на телото и состојбата на внатрешните органи.
Мускулното тикво е во одлична состојба, а клетките на Фалкао се доволно снабдени со вода, па навивачите на Галатасарај со нетрпение го очекуваат на теренот и да видат што силното засилување може да им донесе во лигата, пренесуваат турските медиуми.
Фалкао дојде од Монако и сите очекуваат голови од него и да им ја донесе титулата во домашното првенство, како и тоа да стигнат колку е можно подалеку во европските натпреварувања.
Првата можност Фалкао да ги покаже своите фудбалски квалитети ќе ги има уште овој викенд против екипата на Кашимпаша во четвртото коло во турската суперлига.