Фудбалерот Рубен Семедо, кој игра за „Олимпијакос“ е уапсен во Грција под сомнение дека силувал малолетна девојка. 17-годишната девојка, чиј идентитет не се открива, во полицијата рекла дека го запознала португалскиот фудбалер во бар во Оропос, по што отишле во неговата куќа во Глифада, каде што тој ја силувал.
Фудбалерот беше приведен и однесен на испитување пред грчката полиција.
Не е првпат Семедо да има проблеми со законот. Тој во Шпанија беше обвинет за грабеж, напад, киднапирање и поседување оружје. Потоа помина пет месеци во затвор и има осумгодишна забрана за влез во Шпанија.