Фудбалерот Салах им го плати горивото на сите на бензиска станица

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах, им го платил горивото на сите потрошувачи на една бензиска станица во Англија, пренесуваат британските медиуми.

Фудбалерот откако се вратил од тренинг со неговите соиграчи од Ливерпук, застанал на една бензиска станица да наполни гориво. Некои од неговите фанови сакале да се сликаат со него.

Тој не само што прифатил да се слика, туку инсистирал да им го плати горивото на сите нив.

„Како да не го сакате“, бил еден од коментарите на социјалните мрежи.

Премиерлигашкиот фудбалер ќе се врати на телевизиските екрани за недела дена, а Ливерпул за десет дена би можеле да ја осигураат титулата и за првпат по 30 години да стигнат до трофејот.

За ова да се случи, Ливерпул треба да победи против градскиот ривал Евертон, а Сити да изгуби од Арсенал.

Scroll to Top